Утрински Весник
Свет

Хунтата во Мјанмар осуди тројца офицери на смрт

20240219111232 Big 730x400 97.webp.webp

Воената хунта на Мјанмар осуди тројца високи воени команданти на смрт поради што минатиот месец го напуштиле и го предале стратешкиот град Лаукаи на бунтовниците.

Портпаролот на воената хунта на крајот на јануари потврди дека шест воени претставници биле приведени по загубата на градот Лаукаи.

По неколкунеделни борби, стотици војници ја предадоа контролата врз градот на бунтовниците, кои почна ненадеен напад на крајот на октомври минатата година.

Лаукаи е познат по казина, проституција и центри за онлајн измами, трговија со луѓе, а според експертите, во градот циркулираат милијарди долари.

Според воениот закон на Мјанмар, дезертерството се казнува со смрт. 

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30