Утрински Весник
Магазин

„Опенхајмер“ со најмногу „БАФТА“ награди

Bafta.webp.webp

Филмот „Опенхајмер“ е најголемиот хит годинава на доделувањето на филмските награди „БАФТА“ во Лондон, Велика Британија, победувајќи во седум категории, меѓу нив и за најдобар филм, машка главна улога и режисер.

Наградата за најдобар филм го презеде брачната двојка Ема Томас и Кристофер Нолан (режисер), кои заедно со Чарлс Ровен беа продуценти, а ирскиот глумец Килијан Марфи го понесе признанието за најдобар глумец за улогата на Џеј Роберт Опенхајмер – американски теоретски физичар кој се смета за „таткото“ на атомските бомби. „Женската верзија“ на приказната за Франкенштајн и чудовиштето, филмот „Poor Things“ (Бедни суштества) на Јоргос Лантимос освои пет статуетки, вклучувајќи ја и онаа за најдобра женска улога, којашто ѝ припадна на Ема Стоун.

Стипендијата „БАФТА“ наменета за заслуги и извонредни филмски остварувања, што во минатото, меѓу другите, ја добиваа Стивен Спилберг, Хелен Мирен и Чарли Чаплин, годинава ѝ беше доделена на британската глумица Саманта Мортон.

Домаќин на свеченото доделување на престижните награди беше шкотскиот глумец Дејвид Тенант.

Најголем број номинации на овогодинешните награди Бафта доби филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан – дури 13, а потоа „Poor Things“ – со 11 номинации. „Убијци на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) на Мартин Скорсезе, како и „Зона на интерес“ имаа по девет номинации.

Британската академија за филмска и телевизиска уметност – „БАФТА“ е независна организација основана 1947 година од група британски филмски продуценти. Целта на наградите, се вели, е поттик, развој и оддавање признанија за најдобрите филмови, ТВ-серии улоги и други уметнички остварувања во тоа поле.

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува