Утрински Весник
Свет

Во пожар во француска фабрика горат 900 тони литиумски батерии

W 17.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Околу 900 тони литиумски батерии горат во фабрика за рециклирање батерии во јужна Франција, создавајќи облак од густ црн чад, соопштија денеска француските власти.
Пожарот избувна синоќа во магацин во сопственост на француската група за рециклирање СНАМ во Вивиез, северно од Тулуз, изјави локалниот советник Паскал Мазе на платформата Х.

Весникот „Монд“ објави дека околу 70 пожарникари се борат да го стават пожарот под контрола.

Литиумските батерии се од витално значење во електричните уреди од телефони до електрични автомобили.

Во безбедносно известување се предупредува дека во случај на голем пожар, производите во фабриката веројатно би испуштале кадмиум. Кадмиумот е многу отровен и опасен за животната средина, но се наведува дека отровните испарувања не треба да претставуваат непосредна опасност по здравјето на жителите.

Можете да прочитате

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа

Орбан ја предупреди Белгија да не ги користи замрзнатите руски средства за Украина

Ербас доби договор од 30 милиони евра од европска агенција