Во јавноста со месеци се води дебата за тоа дали објектите за спортско обложување и казината треба да се оддалечат најмлаку 500 метри од основните и средни училишта.
Собранието неодамна донесе такви измени на Законот, но указот за нивно стапување на сила не беше потпишан од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Асоцијацијата на обложувалниците и компаниите за приредување на игри на среќа, како и илјадници вработени во оваа бранша се противат на оддалечувањето од училиштата тврдејќи дека со тоа ќе се изгубат многу работни места, додека одредени категории граѓани, сметаат дека треба да има такво оддачелување од училиштата, со цел да се заштитат најмладите.
Ние, прашавме неколку граѓани што мислат, дали обложувалниците и казината треба да се оддалечат на најмалку 500 метри од училиштата, а какви одговори добивме, погледнете во видеото подолу.