Утрински Весник
Македонија

НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО И СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: Погледнете ги очекуваните температури!

Eci100 120 660x330 1.gif

И во текот на следната недела продолжува натпросечното топло време во Македонија, но и пошироко во регионот. Меѓутоа ќе има нешто повеќе облачност, а повремено ќе има услови и за сосема слаб локален дожд, особено во вторник.

Ветерот ќе биде сосема слаб и од променлив правец, но одсега гледано, за време на следниот викенд ќе започне да засилува ветерот од јужен правец.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите места од Македонија.

Што се однесува до температурите на воздухот, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 14 степени, додека кон крајот на работната недела, и за време на следниот викенд тие во најтоплите централни и југоисточни предели ќе надминуваат 15 степени.

Снегот сеуште го оставаме на чекање.

Можете да прочитате

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра

Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026″ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов