Утрински Весник
Спорт

Пари Сен Жермен заинтересиран за Маркус Рашфорд

1701770435251 7f36853f 3a9e 477a A2e1 D2fcd8e5fe9c.jpg

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Јунајтед и англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд, пренесува британски Тајмс.

Рашфорд во редовите на францускиот шампион треба да го замени Килијан Мбапе, кој на крајот од сезоната ќе го напушти парискиот клуб.

Британските медиуми пренесуваат дека раководството на ПСЖ смета дека англискиот фудбалер е тип на играч кој му е потребен на тимот од Париз. Се потсетува и дека менаџерите на фудбалерите на Манчестер Јунајтед пред две години преговарале со челниците на „светците“, но тогаш договорот не бил постигнат.

Рашфорд (26) има договор со Манчестер Јунајтед до 30 јуни 2028 година, а во клубот од „Олд Трафорд“ заработува околу 300.000 фунти неделно.

Рашфорд оваа сезона одигра 29 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна пет гола.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига