Утрински Весник
Свет

Доларот зајакнува петта недела по ред

1708245055 Dolari Snopovi.jpg

На девизните пазари и минатата недела благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката валути, петти пат по ред, бидејќи се појасно е дека поради високата инфлација, американската централна банка нема да брза со намалување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, порасна минатата недела за 0,15 отсто, на 104,26 поени.

Истовремено вредноста на доларот во однос на европската валута зајакна за 0,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари. Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 0,6 отсто, на 150,20 јени.

Јакнењето на доларот петта недела по ред уследи по извештајот за пораст на инфлацијата во САД во првиот месец од оваа година.

Извештајот, објавен во вторник, покажа дека во јануари потрошувачките цени пораснале за 0,3 отсто на месечна основа и 3,1 отсто на годишно ниво, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите. Производните цени и во јануари пораснаа повеќе од очекуваното, што покажува дека борбата со инфлацијата се уште не е завршена.

На крајот на минатата година, доларот беше под притисок бидејќи пазарот процени дека инфлацијата ќе ослабне и дека како резултат на тоа ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки веќе во март.

Сепак, имајќи предвид дека инфлацијата се уште се движи далеку над целното ниво на ФЕД од 2 отсто, на пазарот веќе не се ни споменува мартовскиот пад, а по извештајот за потрошувачките цени, шпекулациите за намалување на каматните стапки во мај стивнаа.

Пазарот на пари сега проценува дека шансите за намалување на стапката на ФЕД во мај се помали од 50 проценти.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата