Утрински Весник
Македонија

156 санкционирани возачи во Скопје, 60 за брзо возење

Stop policija.jpg

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас, 13 мерки за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можете да прочитате

Ужас во Скопје, 17 годишно момче силувал 15 годишно девојче

Нова фаза во судењето за „Пулс“: Одбраната предложи 244 сведоци

Муцунски на „Европски дијалози”: Проширувањето на Европската Унија е стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа