Утрински Весник
Македонија

ЗНМ одбележа 78 години постоење со доделување на годишните новинарски награди

27 Scaled.jpg

Здружението на новинарите на Македонија вечерва ги додели годишните награди. Како секоја година така и оваа, беа доделени три главни награди: „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење. Истовремено беа доделени и четири признанија за посебен придонес во промоција на професионалното истражувачко новинарство.

Комисијата за награди во состав Жана Божиновска, Ристо Тасев и Ведат Мемедалија, наградата за животно дело ја доделиja на Соња Николовска, наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ беше доделена на Мирослава Симоновска за сториите „Клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози“ и  „Потресен исказ за Онкологија во судница: Не ми беше за парите што му ги давав на аптекарот, туку затоа што не ми се даваше терапија“ и Ирена Мулачка за вестите во низа за скандалот со клиниката за онкологија во Скопје, додека награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење замина во рацете Анета Блажевска за сторијата „Како „Мал битолски Монмартр“ ја пречекори ликовната граница и премина во политиката“. Признанијата беа доделени на колегите Петар Клинчарски, Фисник Џелили, Горан Антевски и колегите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Добитниците на овогодинешните награди на ЗНМ се заблагодарија за наградите со најава дека нема да застанат тука, ќе продолжат да креираат и раскажуваат приказни кои јавноста заслужува да ги слушне.

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“