Утрински Весник
Свет

Падна разурнатиот украински град Авдиивка

Front Ukraina 1.jpg

Украинската армија ги повлече своите војници од разурнатиот град Авдиивка во Доњецк за да избегне опкружување и да ги спаси животите на своите војници, изјави врховниот командант на армијата, претседателот Володимир Зеленски. Авдиивка е град во источниот дел од земјата кој со месеци е опколен од руските сили. Падот на градот ја означува најголемата победа на Русија во изминативе месеци. Според претседателот Зеленски оваа одлука е донесена поради недостиг на муниција и оружје, по намаленото снабдување од Западот. Во кратката изјава објавена на Фејсбук, украинскиот командант, генерал полковник Олександар Сирскиј рече дека донел одлука да избегне опкружување и „да ги зачува животите и здравјето на војниците“.

Можете да прочитате

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци

Лавров: Европа ја поттикнува војната во Украина

Како вештачката интелигенција би можела да го загрози човештвото? Пет сценарија што ги разгледуваат научниците