Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Јапонија успешно лансираше нова ракета

20240217081627 big 730x400 92.webp.webp
Img 7972

Јапонија денеска успешно лансираше нова ракета Х3 од вселенскиот центар „Танегашима“ во префектурата Кагошима, една година по неуспешниот обид.

Ракетата H3 влезе во орбитата и постави сателит и два функционални микросателити, објави Јапонската агенција за истражување на воздухопловството, објави Кјодо.

„Х3 конечно успеа, лансирањето беше успешно“, рече менаџерот на проектот за лансирање на ракетата Масаши Окада.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го поздрави успешното лансирање на ракетата од домашно производство, наведувајќи на платформата „Икс“ дека сака да им оддаде почит на напорите на сите луѓе кои учествуваа во проектот во претходните години, додавајќи дека се надева оти ќе продолжи напредокот во таа област. 

Можете да прочитате

Германска градоначалничка избодена со нож

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород