Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Пелистер против МЗТ Скопје во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија

Pelister.jpg
300x250 opst2

Екипата на Пелистер ќе биде противник на МЗТ Скопје во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија откако го совлада кавадаречки Еуро Никел 2005 со 78:68 и обезбеди место за финалето против бранителот на трофејот и актуелен шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Во вториот одигран полуфинален натпревар на турнирот во Битола, во кој Пелистер славеше над Еуро Никел со 78-68, пелистерци првата четвртина ја завршија само со пет разлика (18-13). Вториот период им припадна на кавадарчани (23-21), па на пауза се замина со резултат 39-36 за Пелистер.

И по третиот период ниту еден од тимовите не успеа да направи поголема резултатска предност, па во последниот пелистерци влегоа само со поен предност 55-54. Така беше се до резултат 59-59, која домаќините направија серија од 13-0 и поведоа со 72-59 (+13). Таквата предност избраниците на Радуловиќ знаеја како да ја сочуваат и заслужено да се радуваат на победа со конечни 78-68.

Јуре Планиниќ и Андреј Маслинко одиграа фантастичен меч. Хрватот натпреварот го заврши со 27 поени од кои 22 во првото полувреме, а македонскиот репрезентативец постигна 22 поени.

Финалниот дуел на програмата е утре од 18 часот.

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај