Утрински Весник
Свет

Јулија Навални: Руските власти ќе одговараат за смртта на мојот сопруг

O 1906493 1024.jpg

Јулија Навални изјави дека руските власти ќеодговараат за смртта на нејзиниот сопруг и опозициски политичар доколку се покаже дека веста за смртта на Алексеј Навални е точна.

Во своето обраќање на конференцијата за безбедност во Минхен, таа истакна дека „никој не треба да и верува“ на руската влада бидејќи, како што рече, руската влада „постојано лаже“, пренесува „Њујорк тајмс“.

– Тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата, а тој ден ќе дојде наскоро – рече Навални. Додаде дека на безбедносната конференција дошла бидејќи тоа ќе го направи нејзиниот сопруг.

-Би сакала да ја поканам меѓународната заедница, сите луѓе во светот, да се обединат и да се борат против ова зло. Треба да се бориме против овој ужасен режим во Русија – рече Навални.

Можете да прочитате

Багај ги спореди односите меѓу Иран и САД со конфликтите меѓу Рим и Персија

Најмалку 11 лица загинаа во израелски напад врз Либан

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради руските напади