Утрински Весник
Спорт

Болоња го исплатил договорот на Михајловиќ целосно на неговото семејство

2b4qe Sinisa I Arijana Mihajlovic Min.jpg

Раководството на италијанскиот фудбалскиот калчолигаш Болоња кон семејството на починатиот Синиша Михајловиќ ја исплатило секоја плата што му следувала на стручњакот од Србија според догворот. Ваквиот коректен однос на Болоња кон семејството Михајловиќ го откри сопругата на починатиот легендарен фудбалер Аријана. Србинот по долго и тешко боледување почина на 16 декември 2022 година. Пред да заврши во болница Михајловиќ мораше да ја напушти тренерската позиција на италијанскиот клуб. Неговиот договор бил до јуни 2023 година. -Болоња ја плаќаше платата на мојот сопруг до последниот ден од неговиот договор во јуни 2023 година. Тоа е неверојатен гест што ми даде сигурност во деновите на збунетост. Никој од луѓето во клубот не нѐ заборави, тоа е посебен клуб во посебен град, изјави Аријана. В недела ќе се сретнат Лацио и Болоња, клубови кои се дел кариерата на Синиша Михајловиќ. Неговта сопруга Аријана истакна дека овој натпревар ќе го одбележи нејзиното враќање на фудбалските стадиони. Михајловиќ ја водеше Болоња прво од 2008 до 2009 година, а потоа повторно од 2019 година на вкупно 131 натпревар. Помеѓу другото беше тренер на Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино, како и селектор на Србија.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига