Утрински Весник
Македонија

Мицкоски бил збунет зошто Вучиќ ги поддржувал ДУИ и Ахмети, наместо Курти

Mickoski15022024.jpg

Во своето гостување на ТВ 21, Мицкоски два пати повтори дека претседателот на Србија Вучиќ ги поддржувал ДУИ и Ахмети, наместо албанската опозиција:

„Пред некој ден ако се вратиме и ако ја слушнеме изјавата на претседателот Вучиќ ќе видите како тој буквално застанува на страната на ДУИ, раководена од Артан Груби и Али Ахмети и го напаѓа Албин Курти, зошто Албин Курти ја поддржува опозицијата, условно кажано, албанска во Македонија.“

Накусо потоа, Мицкоски уште еднаш го потенцираше истото, додавајќи дека бил „малце збунет“: „Но, тој истиот Вучиќ пред некој ден застана во одбрана на владејачката ДУИ предводена од Артан Груби и Али Ахмети, а го нападна Албин Курти зошто застанал на страната на албанската опозиција. Сега сум малце збунет, кој овдека и како ја перцепира политиката“, изјави Мицкоски на ТВ 21, како одговор на прашањето дали Вучиќ се меша во изборите во Македонија.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот