Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џафери ќе учествува на 60. Минхенска конференција за безбедност

Talat aferi.webp.webp
300x250 opst2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од утре (16-ти февруари), учествува на 60. Минхенска безбедносна конференција, која се одржува во Минхен, до 18 февруари 2024 година.

За време на тридневната конференција, премиерот Џафери ќе присуствува на повеќе централни и придружни настани, а ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Фокусот на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција е на улогата на Европа во безбедноста и одбраната, и во таа насока, на значењето на проширувањето на ЕУ, а во контекст на ситуацијата во Украина и случувањата на Блискиот Исток.

Премиерот Џафери, за овие и за други актуелни прашања од значење за Република Северна Македонија и за регионот, ќе разговара и на предвидените билатерални средби со претставници на високо политичко ниво од Европа, регионот и светот.

Минхенската безбедносна конференција, се фокусира како на традиционалната национална или воена безбедност, така и на економските, еколошките, трансатлантските и човечките димензии на безбедноста. 

Се очекува и годинава на Минхенската безбедносна конференција, преку дебатите на панелите да се адресираат можните решенија за најитните безбедносни предизвици во светот. 

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи