Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Вработените во Министерство за финансии нема да добиваат 30 отсто повисоки плати и нема да ги вратат парите што претходно ги добиле

Dsc 0337 scaled.jpg
Img 7972

Уставниот суд донел конечна одлука за платите на вработените во Министерството за финансии (МФ). Како што соопшти денеска претседателката на Судот, Добрила Кацарска, се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, а тоа значи дека во иднина вработените нема да го земаат надополнувањето на платата и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле. Според Кацарска, Уставниот суд оформил предмет и по иницијативата поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата за оспорување на балансерот за вработувањата по националност. Донесена е конечна одлука со која е укината оспорената одредба од законот. Се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, што значи, во иднина вработените нема да го земаат тоа надополнување на плата, како што гласеше во Законот, и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле, истакна Кацарска, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на поштенска марка по повод 60 години Уставен суд на Република Северна Македонија. Во врска со балансерот, Кацарска информира дека иницијативата од ДКСК е поднесена пред десетина дена. -Се работи за нов предмет. Точно е дека ДКСК има доставено таква иницијатива до Судот. Формиран е предмет и даден е на тим за работа, но, тој предмет е стигнат пред можеби десетина дена и земен е во работа, подвлече Кацарска.

Можете да прочитате

Уште малку ќе имаме потопло време, а следната седмица ново заладување

Николоски: Со најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, Гевгелија ќе биде центар за туризам и бизнис во регионот

Џипот на разбојниците од Гостивар пронајден запален на патот кон Стража