Утрински Весник
Свет
Img 7972

Хезболах најави одмазда: Израел ќе плати за своите злосторства

Hezbolah.jpg
Img 7972

Високиот функционер на Хезболах и член на парламентот Хасан Фадлалах денеска изјави дека Израел ќе се соочи со одмазда откако претходниот ден во два брана напади во јужен Либан беа убиени 11 цивили, меѓу кои шест деца.

„Непријателот (Израел) ќе ја плати цената за овие злосторства“, изјави Фадлала на прашањето за реакцијата на вооружената група.

Единаесет цивили, меѓу кои шест деца, се убиени вчера во израелски напади низ јужен Либан, соопштија директор на болницата и три либански безбедносни извори.

Со овие напади Израел одговори на ракетниот напад на либанската милитантна група Хезболах во кој загина војник.

Четворица борци на Хезболах се убиени во одвоени напади, соопштија од групата и безбедносни извори, објави „Тајмс оф Израел“.

Една жена и нејзините две деца загинаа во израелски напад врз селото Ал-Савана, соопштија два безбедносни извори.

Уште четири деца, три жени и еден маж загинаа во израелскиот напад на зграда во градот Набатие, а седум лица се ранети, соопшти директорот на градската болница Хасан Вазни и уште три безбедносни извори.

Хезболах и Израел разменуваат оган долж израелско-либанската граница повеќе од четири месеци, откако либанската терористичка група почна да лансира ракети преку границата за поддршка на Хамас.

Можете да прочитате

Градоначалничка со часови мачена во подрум – шокантни детали за нападот на политичарката

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа