Утрински Весник
Спорт

Надал: Бројките кажуваат се, Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња

Djokovic Nadal Roland Garros 2022 Qf 1.jpg

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал оцени дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, дури и ако проектирал имиџ која е „полош од она што тој навистина е“.

„Бројките зборуваат сами за себе, тој е најголемиот во историјата“, изјави Надал во интервју за шпанскиот телевизиски канал Sexta.

За експлозивната природа на Ѓоковиќ, Шпанецот тоа го објасни велејќи: „Ова се моменти на фрустрација, Новак го крши рекетот, но во следниот момент е подготвен повторно да игра на 100 проценти и тоа е најдоброто што сум го видел“.

Поранешниот тенисер број еден во светот изјави дека главни цели годинава му се Ролан Гарос и Олимписките игри во Париз, но истакна и дека се уште не одлучил 2024 година да му биде последна во кариерата.

„Не сум одлучил 100 отсто… Не знам кои турнири ми останаа, претпоставувам дека ги нема многу, но не можам да го потврдам тоа… Ролан Гарос е една од моите цели. Би сакал да учествувам и на Олимписките игри“, изјави Надал.

Надал го пофали и својот млад сонародник Карлос Алкараз, посочувајќи дека „ги има сите состојки за да направи неверојатна кариера“.

Како голем фан на Реал Мадрид, Надал изјави дека би сакал да го види Французинот Килијан Мбапе во „кралскиот“ клуб и изјави дека не е важно што Французинот во минатото одбил да потпише за Реал.

Можете да прочитате

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар

Тренерот на Тиквеш дојде на натпревар со влечки – Доби експресен отказ