Утрински Весник
Магазин

Хороскоп за 15 февруари: Вагата не дозволува ништо да ја исфрли од колосек

45ef21b2 D442 4261 A6dd 9edd7b73003d

ОВЕН

Во првиот дел од денот ќе мора да ја контролирате тензијата во деловното опкружување. A ќе ја има. Може да се расправате со колега без посебна причина, а подоцна да се каете за вашите зборови. Добро е што ова е привремено и попладне ќе бидете „како нови“.

БИК

Денеска ништо на работа не оди според вашите планови, па оставете ги работите да тргнат по својот тек. Уште повеќе – вашите обиди за средување можат само да ги забават или да ги вратат работите назад. Добар момент е да поминете мирна вечер дома со саканата личност.

БЛИЗНАЦИТЕ

Ако сте креативни или ви треба уметничка инспирација – денес ќе функционирате совршено. Но, ако вашата работа е од друг тип, бидете внимателни – можни се грешки, можна е напнатост, во основа се е можно да ви ги расипе плановите. И вашето расположение ќе биде променливо.

РАК

Денеска молчите, ја закопавте главата во обврските и немате намера ни малку да внимавате на луѓето со кои работите и кои ве опкружуваат. Сакате само што поскоро да го завршите тоа што го имате, да се соберете и да си одите дома. Додуша, некои имаат планови, и тоа убави за средба или излегување со пријателите.

ЛАВ

Имате чувство дека е потребно малку време за да реализирате некои од вашите планови, веројатно сте во право. Тоа значи дека сте растргнати меѓу обврски и некои лични потреби, но сето тоа ќе се обидете да го избалансирате и усогласите. Многу нестабилна врска со саканата личност.

ДЕВИЦА

Утринските настани ќе бидат пребрзи за вашиот вкус, бидејќи ќе ви требаат барем неколку часа за да бидете подготвени да се посветите на вашите обврски. Како што ќе минува денот, така ќе се чувствувате подобро. Попладнето и вечерта ви носат можности за нови познанства.

ВАГА

Решивте дека денес ништо не може да ве исфрли од колосек. Имате и премногу работа за да внимавате на околината која некако се вжештува и нема да дозволите другите да ве вознемируваат со своите забелешки. Сега е полесно да се постигне компромис во емотивните односи.

СКОРПИЈА

Денес трчате наоколу обидувајќи се навреме да ги завршите деловните обврски, а во исто време барате начин да решите некој личен или семеен проблем. Малку сте исцрпени од сето ова што се случува, но нема така лесно да се откажете. Денот е погоден за престој со саканата личност во домашна атмосфера и мир.

СТРЕЛЕЦ

Деловните партнери ќе ве изнервираат затоа што ви отежнуваат, затоа што бараат премногу од вас, затоа што менуваат некои работи во последен момент. Па, кога сте толку изнервирани, одете кај саканата личност, ќе видите како ќе исчезнат сите грижи за работа.

ЈАРЕЦ

Можеби сте загрижени за некои неочекувани настани, но не грижете се – ова е нешто што може брзо да се реши. Сепак, се што се случува во текот на денот може да ви одземе многу енергија, па прашање е дали ќе бидете доволно расположени да се видите со саканата личност.

ВОДОЛИЈА

Нека ви е на ум цел ден да размислите три пати пред да кажете или направите нешто. Заборавете на вашите брзи одлуки, за да не се каете подоцна. И бидете слатки и меки со саканата личност, а можеби и ќе успеете да не се карате. Вашата каприциозност денес е на врвот.

РИБА

Не се потпирајте на никого денес. Колегите покажуваат склоност да не ги исполнуваат ветувањата, а вие целосно сметавте на нив. И другите можат да ве разочараат. Згора на тоа, правите грешки во деловниот сегмент. Се расправате со емотивен партнер. Обидете се да се оправдате.

Можете да прочитате

Панчо – ДНК распали по Милевски: „Во тешки моменти се гледа кој е човек, а кој ти е душман и само од интерес“

Селма Хаек дефинитивно знае како да ја разбуди фантазијата кај мажите со жешки слики во костим за капење

Овие три хороскопски знаци се родени шофери