Утрински Весник
Спорт

ПСЖ и Лацио ја искористија предноста на домашниот терен во првите осминафинални мечеви од ЛШ

Lacio Baern Isaksen.jpg

На вечерашните два први натпреаври од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите, домаќините ПСЖ и Лацио ја искористија предноста на домашниот терен, за разлика од вчерашните каде гостите Манчестер сити и Реал Мадрид обезбедија предност за реванш средбите и направија чекор поблиску до четвртфиналето. Францускиот првак ПСЖ беше подобар од шпанскиот Сосиедад (2:0). „Светците“ го скршија отпорот на жилавиот противник со два постигната гола во второто полувреме. Во првото немаше многу возбудувања. Водечкиот гол го постигна Килијан Мбапе во 58. минута, а Баркола со својот прв гол во Лигата на шампионите во 71 минута се погрижи за убедлив триумф на ПСЖ. Лационе му дозволи во Рим на германскиот првак Баерн да ја потврди фаворитската улога. Со прецизен удар од белата точка во 67 минута Лацио си обезбеди предност за реваншот во Минхен (1:0). По стартот на Упамекано во својот шеснаесетник беше досуден пенал за Лацио, а на гостинскиот играч му беше покажан црвен картон. Реализатор на најстрогата казна беше Чиро Имобиле. Реванш натпреварите на овие ривали се на програмата на 5 март.

Можете да прочитате

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар

Тренерот на Тиквеш дојде на натпревар со влечки – Доби експресен отказ