Утрински Весник
Економија
Img 7972

Битиќи: За прв пат една влада води разговори за инвестиции во енергетиката на институционален начин, а не преку тајни состаноци во кафани

14022024 zpvrsm bitikji scaled.jpg
Img 7972

За прв пат се случува една влада да води разговори за инвестиции во енергетиката на институционален начин, наспроти било која друга влада до 2017 година, која што разговорите ги водела вонинституционална, истакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Топ тема“ на Телма. „Вонинституционално, за јавноста, значи, да се соберете во еден кафиќ и да разговарате за иднината на вашите проекти или во некоја Палата“, потенцираше Битиќи. Тој појасни дека институционалниот начин значи водење на преговори за бенефит на државата и бенефит на граѓаните.
„Во институционалните преговори, кога две и пол години преговарате институциите се вклучени, не човекот. Битна е институционалната меморија, битно е кој од институциите бил вклучен и какви мислења во тој период се дадени. Сите закони коишто имаат отидено во Собраниска процедура се поткрепени со мислење од релевантните институции за коишто законот изискува да се донесат. Имаме ситуација во која во нашата земја се меша политиката и тогаш имаше политички компромис дека независно, иако министерство за економија е ресорно министерство за енергетика би требало да биде носител на проектите, ние се договоривме јас како координатор на комисијата за стратешки инвестиции како вицепремиер ќе ги застапувам проектите во Собрание“, посочи Битиќи.

Можете да прочитате

ЧОКОЛАДА И ШЕЌЕР – Сладок бизнис за крупен финансиски залак

ДДВ-то за нарачките до 22 евра од Тему било заради јакнење на македонската економија, велат од Финансии

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности потпишаа Меморандум за соработка