Утрински Весник
Македонија

Коциќ: СДСМ е единствената политичка опција која може да ја внесе Македонија во ЕУ до 2030 година

Screenshot 2024 02 14 211228.png

Парламентарните избори се распишаа, очекуваме дека Македонија ќе го продолжи патот кон евроинтеграциите. Граѓаните од сите националности нема да дозволат да бидеме опструирани во нашите европски интеграции, оваа држава и по изборите на 8 мај ќе се развива како нормална европска демократија, истакна пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ, во дебатната емисија „Само вистина” на Канал 5 телевизија.
Коциќ додаде дека на сите им е јасно дека СДСМ и коалицијата се единствената политичка опција која може да ја внесе Македонија во ЕУ до 2030 година, за разлика од ДПМНЕ и нивните привезоци, кои на секој начин изминативе децении гледаат да се случи нешто друго.
Во врска со проблемите на граѓаните кои настанаа околу возачките дозволи, Коциќ рече дека проблемот беше намерно инсцениран од партијата којашто како опозиција влезе во техничката влада.
Ние имаме 2021 година донесено закон, којшто предвидуваше замена на возачките дозволи и книшки до 12.02.2024 година, меѓутоа најавите на претсетателот Ковачевски и на поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски беа дека нема да има казнување за граѓаните коишто не ги смениле. Иста изјава имаше и сегашниот технички министер од ДПМНЕ на 06.02, кој кажа дека граѓаните нема да бидат казнувани, за после неколку дена да даде една друга теза дека граѓаните ќе бидат казнувани доколку немаат промена на возачките дозволи, што создаде немир и еден вид на хаос во општеството, истакна Коциќ.
Пратеникот Коциќ нагласи дека тие што седум години се удираа во гради дека никогаш нема да признаат Северна Македонија, први се закануваат со казни кон граѓаните кои што не ги смениле документите.
Немаше потреба да се плашат граѓаните, зашто очигледно мноу лесно се најде решение на проблемот со измена на законот, нагласи пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ, во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски