Утрински Весник
Скопје

Во Кисела Вода разрешена директорката на училиште осомничена за поседување на лажна диплома за странски јазик

Znak Ja Sakam Kisela Voda1.jpg

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја разреши директорката осомничена за поседување на лажна диплома за странски јазик. Истакна дека нема компромиси кога е во прашање спроведувањето на законите и апелираше до надлежните институции да го расветлат случајот до крај, работејќи непристрасно и водејќи се исклучиво според законодавната легислатива. Потенцираше дека правдата мора да излезе на виделина и при тоа да нема никакви негативни последици врз учениците и наставно-научниот процес.

-Нема компромис кога е загрозен Законот! Директорката веднаш е разрешена! По добиените информации дека една директорка на основно училиште поседувала лажна диплома за странски јазик, донесов одлука за нејзино разрешување. При самиот избор, разгледувањето на документацијата и интервјуто од страна на Училишниот одбор не било возможно да се увиди дека списите не се регуларни, при што е изготвен извештај за избор на најдобар кандидат, кој што ќе биде поништен, и наскоро училиштето ќе добие нов ВД директор.

Правдата мора да излезе на виделина, при тоа да нема никакви негативни  последици врз наставно-научниот процес и што е најважно врз самите ученици. Апелирам надлежните институции да го расветлат случајот до крај, непристрасно, исклучиво водејќи се според законодавната легислатива. Врвен интерес преставува владеењето на правото и работа во интерес на сите граѓани на Општина Кисела Вода-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Граѓаните пробаа да влезат кај Данела, откако таа не излезе на протестот

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Дудуш до Арсовска: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“