Утрински Весник
Македонија

МВР потврди: Лице вработено во одделот за управни работи во Демир Хисар вон процедура фотографирало лица за лични документи

Polici A E1683302341273.jpg

24инфо.мк вчера објави дека висок полициски службеник во отсекот за управни работи на МВР во Демир Хисар, по работното време, без знаење на претпоставените и надвор од процедурите фотографирал лица за лични документи и патни исправи.

Денеска, овие наводи се и официјално потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи.

„Ве информираме дека во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е примена пријава дека лице вработено во Оддел за граѓански работи во Сектор за управно надзорни работи во ОУР Битола за Демир Хисар врши фотографирање  на странки за вадење на лични документи надвор од работното време“ велат од МВР.

Оттаму, додаваат дека против лицето ќе биде покрената дисциплинска постапка

„Одделот постапи по добиената пријава и по извршените проверки против овластеното службено лице на работно место самостоен советник за управни работи за Демир Хисар поднесе Предлог за поведување на дисциплинска постапка поради непочитување на работниот ред и дисциплина, непридржување кон утврденото работно време, распоредот и користењето на работното време и постапување спротивно на одредбите 5, 6 и 8 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во Министерството за внатрешни работи“ се вели во одговорот на МВР за 24инфо.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме