Утрински Весник
Свет

Ракети го погодија северниот дел на Израел – едно лице загина, неколку се повредени

F240214dc12.jpg

Едно лице загина, а седум се ранети во ракетен напад што денеска беше извршен од правец на Либан кон северот на Израел, а за кој се сомневаат дека го извршиле милитанти на Хезболах, објави израелската здравствена служба Маген Дејвид Адом (МДА ).

Израелската армија соопшти дека милитантите на либанскиот Хезболах денеска истрелале ракети врз базата на седиштето на Северната команда во Сафед, пишува Тајмс оф Израел.

„Идентификувани се бројни лансирања од Либан во областа Нетуа, Манар и базата на израелската армија во северен Израел“, се вели во соопштението.

Израелската војска соопшти дека возвратила на нападот и ги гаѓала местата за лансирање.

Генералниот директор на службата МДА, Ели Бин, изјави дека едно лице загинало во ракетен напад од Либан. Тој рече дека при претрес на зградите кои биле погодени од ракетен оган било откриено тело на жена.

Можете да прочитате

Путин рече дека Русија истрелала балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Обилни снежни врнежи ја погодија Велика Британија

Падна PayPal за многу корисници ширум светот