Утрински Весник
Свет

Американскиот Конгрес отповика член на администрацијата на претседателот за прв пат по речиси 150 години

Majorkas 348x620.jpg

Претставничкиот дом во кој доминираат републиканците го отповика Алехандро Мајоркас, член на администрацијата на претседателот Џо Бајден задолжен за имиграција и секретар за внатрешна безбедност.

Со 214 гласа „за“, 213 „против“, Претставничкиот дом гласаше за отповикување на секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас поради неуспехот да ги спроведе американските закони за имиграција.

„Секретарот Мајоркас намерно и постојано одбиваше да се придржува кон федералните закони за имиграција, поттикнувајќи ја најтешката гранична катастрофа во американската историја“, рече претседателот Мајк Џонсон.

Реагираше и претседателот Бајден кој рече дека одлуката за импичмент е неуставна, соопшти Белата куќа.

„Историјата нема љубезно да ги погледне републиканците во Претставничкиот дом за нивниот бесрамен чин на неуставен партиски фанатизам напаѓајќи чесен јавен службеник заради безвредни политички игри“, рече Бајден.

Ова е втор пат во историјата, и првпат во речиси 150 години, Претставничкиот дом да отповика член на кабинетот на претседателот.

Рекорден број мигранти илегално ја преминале границата во Мексико откако Бајден ја презеде функцијата во 2021 година, што поранешниот претседател Доналд Трамп го стави во фокус на неговата кампања.

Можете да прочитате

Путин рече дека Русија истрелала балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Обилни снежни врнежи ја погодија Велика Британија

Падна PayPal за многу корисници ширум светот