Утрински Весник
Магазин

Стоматолог советува да не се пие кафе наутро пред да се измијат забите

Kafe.jpg

Британски стоматолог, др. Даз Синг, откри дека најлошо е да се конзумира кафе наутро пред да се измијат забите. Како причина посочува дека редовното консумирање кафе пред оралната хигиена може да предизвика разни проблеми со забите. Како еден од проблемите ги посочува обезбојувањето на забите, лошиот здив и растот на бактериите предизвикани од недоволната орална хигиена.

Стоматологот објаснува дека пиењето кафе пред четкање на забите може да придонесе за промена на бојата на забите. Причината за тоа е што пигментот од кафето се инфилтрира во структурата на емајлот и предизвикува промена на бојата со текот на времето. Таквото долгорочно дејство може да доведе до оштетување на забната глеѓ.

„Консумирањето кафе пред четкање на забите наутро може да придонесе за кисела ерозија на забите, процес кој е под влијание на киселата природа на кафето и ноќната активност на бактериите во усната шуплина. Кафето, како кисел пијалок со низок pH, внесува киселини како што е хлорогената киселина во оралната средина“, објаснува др. Синг, пренесува HuffPost.

д-р. Синг предупреди: „Постојаната изложеност на кафе, особено пред утринската орална хигиена, го зголемува ризикот од ерозија на глеѓта, нагласувајќи ја важноста од навремено четкање и одржување на оралното здравје за да се ублажат овие негативни ефекти“.

Пиењето кафе пред четкање на забите наутро може да го поттикне растот на бактериите во устата, благодарение на околината создадена од бактериите кои веќе се присутни во устата, во комбинација со хранливите материи во кафето. „Богатиот нутритивен состав на кафето, вклучувајќи шеќери и протеини, служи како супстрат за бактерискиот метаболизам, промовирајќи го формирањето на биофилм и денталниот плак“, објаснува др. Синг.

Покрај тоа, редовната и долготрајна навика да пиете кафе пред да ги четкате забите може негативно да влијае на вашиот здив. Според др. Синг, може да се појави проблем познат како халитоза, кој е предизвикан од комбинација на фактори поврзани со составот на кафето и оралниот микробиом. Тој истакнува дека кафето, благодарение на богатите ароматични соединенија, може само привремено да ги маскира непријатните мириси, но не може да ги реши основните причини за лошиот здив.

За да се избегне ова, др. Синг препорачува одржување на редовни практики за орална хигиена, вклучувајќи ефективно четкање на забите и чистење на јазикот, за оптимална хигиена и орална свежина, пишува HuffPost.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста