Утрински Весник
Македонија

Владата ќе одлучува дали возачките дозволи до крајот на годината да бидат бесплатни

Dik 300x250 mk

На денешната редовна владина седница ќе биде разгледана можноста и најверојатно ќе се одлучи возачките дозволи со новото уставно име да бидат бесплатни до крајот на годината, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Нашите министри денес на седницата на Владата ќе предложат решение со кое ќе може замената на возачките дозволи до крајот на годината да биде бесплатна. Да биде на трошок на државата, за да може и тој процес да се реализира до крајот на годината како што треба“, рече Ковачевски.

Тој рече дека обрасци недостасувале затоа што пандемијата ги нарушила каналите на снабдување и процесот на производство на материјали за документи

„Обезбедувањето на обрасците е сложен процес. Тие се произведуваат во Германија, не кај нас“, наведе доскорешниот премиер.

Можете да прочитате

Ужас во Скопје: Татко ја силувал малолетната ќерка

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Македонија и Бугарија ќе го потпишат Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел