Утрински Весник
Спорт

Продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите со првите мечеви во Лајпциг и Копенхаген од нокаут-фазата

Leipzig Elmas 960x640 1.jpg

Со натпреварите Лајпциг – Реал Мадрид и Копенхаген – Манчестер сити вечерва (21 ч.) започнува осминафиналната фаза во фудбалската Лига на шампионите. Англискиот првак и актуелен бранител на трофејот во ЛШ, Манчестер сити е фаворит во двомечот со данскиот Копенхаген. Тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола на располагање ги има Кевин де Брујне и Ерлинг Халанд, кои на изминатите неколку натпревари откако се опоравија од повредите покажаа колку се важни за англискиот првак. Англичаните можат да ја завршат работата уште вечерва на гостински терен, па да имаат полесен реванш на „Етихад“ во Манчестер. Новиот тим на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, бундеслигашот Лајпциг го пречекува рекордерот со освоени 14 титули во ЛШ, шпанскиот Реал Мадрид. Тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти за овој дуел нема да може да смета на најдобриот иргач сезонава Џад Белингам, кој  се повреди изминатиот викенд и ќе биде надвор од терените 2-3 недели. Во одбраната ќе ги нема и Едер Милитао, Давид Алаба и Антонио Ридигер. Според најавите Елмас нема да биде во првиот тим на Марко Розе, но се очекува да добие шанса од клупата за резерви. Т

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига