Утрински Весник
Македонија

ПОСЛЕДНАТА ДЕКАДА ОД ОВОЈ МЕСЕЦ МЕТЕОРОЛОШКИ МНОГУ ИНТЕРЕСНА: Дали не очекува снежен бран?!

Gfs 0 264 660x330 1.png

Метео анализа на Славчо Поповски:

Оваа недела можете да уживате во претежно стабилното и суво време. Метео деталите за оваа седмица веќе беа објавени од наша страна во текот на вчерашниот ден.

Што се однесува за последната декада од овој месец, таа изгледа ќе биде метеоролошки многу занимлива. Нумеричките модели и денес цртаат спуштање на ладен воздух од Арктикот кон нашите краишта.

Токму ова ќе услови формирање на секундарен циклон над Медитеранот кој ќе донесе снежен бран во Македонија, но и значителни количества на снег.

Доколку токму ова остане вака, лубителите на зимата и на снегот ќе си дојдат на своето. Ова особено ќе им дојде добро на оние кои се лубители на зимските спортови.

Состојбата околу ова будно ја следиме. Понатаму следуваат нови , и по потреба обновени метео информации.

Можете да прочитате

Ивановски: Филипче е врвен неврохирург, но не се снајде како претседател на СДСМ

Заштитете се од комарци, потврдени два случаи на западнонилска треска во Македонија

Мицкоски: Ќе има секретар за добро владеење, но тоа нема да биде Димовски