Утрински Весник
Македонија

149 санкции за брзо возење

1707125026 voze e.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во текот на вчерашниот ден (12.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 149 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Можете да прочитате

Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се „талог” затоа што ја критикуваат власта?

Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

ТИТАН Усје: Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити