Утрински Весник
Свет

ММФ: Војната меѓу Израел и Хамас и нападите во Јемен ја загрозуваат светската економија

Mmf.jpg

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгијева денеска предупреди дека светската економија е загрозена од војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и нападите на бунтовниците Хути врз бродови во близина на Јемен, кои му штетат на сообраќајот низ Суецкиот канал.

Војната во Појасот Газа и наштети на економијата на Блискиот Исток и Северна Африка, рече Георгиева на Самитот на Светската влада 2024 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

-Најмногу се плашам од времетраењето на тој конфликт, бидејќи ако продолжи, постои ризик од поголемо прелевање – рече таа на годишниот состанок што ги собира деловниот и политичкиот свет во Емиратите до среда.

Конференцијата на ОН за трговија и развој (Унктад) на крајот на јануари предупреди дека обемот на товарниот сообраќај низ Суецкиот канал е намален за повеќе од 40 отсто во претходните два месеци.

Ако непријателствата се шират, тоа „може да биде попроблематично за целиот свет“, рече Георгиева.

Додека војната меѓу Хамас и Израел продолжува во Појасот Газа, расте стравот од регионална ескалација на конфликтот меѓу Израел, поддржан од САД и група блиска до Иран во Либија, Сирија, Ирак и Јемен.

Претседателот на Светската банка, Аџеј Банга, рече дека војните во Газа и Украина и нападите во Црвеното Море се едни од најголемите предизвици за кои треба да се размислува кога се зборува за светските економски прогнози.

-Кога ќе ги додадете тие променливи на она што веќе се чини дека е веројатно најниската стапка на раст во последните 55 години, тоа мора внимателно да се следи – рече шефот на Светската банка на состанокот во Дубаи.

Можете да прочитате

Џо Бајден има агресивен рак на простата со метастази на коските

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

Над 100 луѓе евакуирани од швајцарските Алпи поради опасност од одрони