Утрински Весник
Магазин

Изгаснат сателит наскоро ќе се урне на Земјата, не се знае каде ќе падне

Ers 2 Satellite And Applications Article.jpg

Изгснат европски сателит ќе падне на Земјата кон крајот на овој месец во огнено спуштање што ќе биде внимателно следено од неговите оператори. Станува збор за европскиот сателит за далечинско набљудување 2 (ERS-2) на Европската вселенска агенција (ESA), кој беше лансиран во орбитата на Земјата во април 1995 година и ги заврши своите должности за набљудување на Земјата во септември 2011 година.

Примарна мисија

ЕСА започна да се подготвува за спуштање на ERS-2 уште пред крајот на својата примарна мисија, изведувајќи 66 пукања со мотори во јули и август 2011 година. Овие маневри „го искористија преостанатото гориво на сателитот и ја намалија неговата просечна височина од 785 km на околу 573 km до во голема мера го намали ризикот од судири со други сателити или вселенски отпад и да се осигура дека орбитата на сателитот се распаѓа доволно брзо за повторно да влезе во атмосферата на Земјата во следните 15 години – напишаа претставници на ЕСА.

ЕРС-2 беше „најсофистицираното вселенско летало за набљудување на Земјата некогаш развиено и лансирано од Европа“, се вели во документот. Во моментот на полетување тежел 2.516 килограми. Сега, без гориво, тежи околу 2.294 килограми.

Не е радиоактивен

Сателитот ќе се распадне кога ќе падне на височина од околу 80 километри, а повеќето од добиените фрагменти потоа ќе изгорат во атмосферата. Според ESA, тие нема да содржат токсични или радиоактивни материи. Исто така, пишува изворот, би морале да бидет вистински баксуз доколку некоја од парчињата ве погоди.

-Годишниот ризик човек да биде погоден од вселенски отпад е помал од 1 на 100 милијарди – напишаа претставници на ЕСА. Тоа е околу 65.000 пати помалку од ризикот да ве удри гром.

ЕСА ќе не информира за драматичното враќање на ЕРС-2 на Земјата во наредните денови, пишува Тпортал.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста