Цените на пиците купени во продавниците во Европската унија во декември минатата година биле за 5,9 отсто повисоки во однос на истиот месец од 2022 година, објави Евростат. Хрватска е меѓу земјите од ЕУ со најголем раст на цената на пицата. Меѓу земјите на ЕУ, највисока годишна инфлација на пицата во декември минатата година е забележана во Унгарија (13,4 отсто), потоа Луксембург (11,3) и Латвија (10,6), објави Даница хр. Хрватска е на шестото место по годишен раст на цените на пицата, кој изнесува 9 отсто. Во исто време, пад на цената од 0,9 отсто е забележан во Холандија во однос на декември претходната година, додека мали поскапувања се забележани во Данска (0,6), Белгија (1,0) и Словенија (1,1 отсто). Инаку, во моментов низ цела Хрватска се бараат повеќе од сто пица мајстори. Некои пицерии ги објавија и платите што ги нудат. Така, една пицерија во Вела Лука на Корчула на пица мајстор му нуди плата од 2.000 евра.
next post