Утрински Весник
Македонија

Пендаровски го прими британскиот амбасадор Метју Лосон

Foto.jpeg

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

На средбата се разговараше за билатералните односи и соработката меѓу двете држави, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот, при што соговорниците изразија задоволство од развојот на севкупните односи, кои ги карактеризира пријателство, меѓусебна доверба и цврсто партнерство.

Претседателот Пендаровски и амбасадорот Лосон разменија мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата, како и за билатерални прашања од взаемен интерес.

Претседателот Пендаровски изрази увереност дека Обединетото Кралство ќе продолжи со конкретната поддршка и помош во остварувањето на македонските стратешки приоритети и се заблагодари за постојаната британска поддршка за клучните прашања од нашата независност до денес.

Можете да прочитате

СДСМ: Бараме политичка и кривична одговорност за еколошката катастрофа

ВМРО-ДПМНЕ вели опозицијата подметнува пожари, а Али, Артан, Чупеска и компанија, биле пиромани во служба на злото

Министерство за животна средина: Забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот во Трубарево