Утрински Весник
Македонија

Јакимовски вели дека е отворен за соработка со сите освен со Мицкоски за кого смета дека сам на себе си бил опозиција

Stevce Jakimovski

Запрашан за односот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, градоначалникот на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски во интервју за Слободен печат истакна дека Мицкоски се однесувал како самиот себе да си е опозиција.

„Проблемот кај Мицкоски е што тој сам на себе си е опозиција. Ние не сме опозиција на опозиција, јас имам своја парттија тој негова. Мене во Карпош не ме блокира СДСМ ме блокира ВМРО-ДПМНЕ и неговите другари“

Градоначалникот на Карпош и лидер на партијата ГРОМ изјави дека на претстојните избори е подготвен за заеднички настап со некоја од помалите политички партии, но и дека неговата партија ГРОМ има капацитет и самата да настапи на изборите.

За соработката со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека со неа имал добра соработка, но дека не разговарале за партиска соработка.

„Имам коректна соработка со Данела Арсовска. Сигурен сум дека зад нејзината партија не стои Никола Груевски. Отворен сум за соработка со сите партии, освен со еден човек, освен со Христијан Мицкоски, но морам да кажам дека за каква било партиска соработка, досега со госпоѓата Арсовска немаме разговарано, ниту пред преземањето на партијата, ниту потоа. Ние се подготвуваме самостојно да настапиме на изборите, секако ако има некои други помали партии кои сакаат да настапат заедно со нас во ред, но ако нема, ние ќе настапиме и самостојно“ посочи Јакимовски.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме