Утрински Весник
Свет

Околу 100.000 луѓе на демонстрациите во Минхен против расизмот и антисемитизмот

20240212090259 Big 730x400 57.webp.webp

До 100. 000 луѓе учествуваа на демонстрациите во Минхен против расизмот и антисемитизмот што се одржаа синоќа, јави ДПА. Податоците доаѓаат од полицијата во градот, додека организаторите на демонстрациите, кои се одржаа под наслов: „Море од светлина за демократија“, соопштија дека на нив учествувале до 300.000 луѓе.

Во текот на викендот во Германија беа организирани демонстрации против крајнодесничарскиот екстремизам.

Бранот протести во земјата, кој започна во јануари, беше предизвикан од информациите дека на состанокот во Потсдам на екстремно десничарските активисти и политичари од „Алтернатива за Германија“, на кој присуствуваа и претставници на централно-десничарските демохристијани, се зборувало за протерување странци од Германија, меѓу кои и имигранти со германски пасоши и баратели на азил. Средбата се одржа во ноември минатата година.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење