Утрински Весник
Свет

Патник ненадејно почина на лет од Бангкок за Минхен: „Кашлаше крв, сите врескаа“

Lufthanza1.jpg

На летот од Бангкок за Минхен почина маж, потврдија патниците. Германскиот државјанин, за кој се вели дека има 63 години, изгледал лошо штом тој и неговата сопруга се качиле во авионот на Луфтханза во четвртокот, според очевидци.

Човекот обилно се потел и се чинело дека има проблеми со дишењето, но неговата сопруга му рекла на екипажот дека е подготвен за летот и всушност е само уморен затоа што морал да трча за да стигне таму, се вели во извештаите. Мартин Мисфелдер, патник во авионот, рече дека состојбата на човекот нагло се влошила веднаш по полетувањето и тој почнал да плука крв во ќеса.

Тој додаде дека човекот потоа почнал да крвари од устата и носот. „Тоа беше апсолутен хорор, сите врескаа“, изјави тој за швајцарскиот весник „Блик“. Тој тврди дека мажот искашлал „литри крв“ и дека ѕидовите на авионот биле испрскани, пренесува „Скај Њуз“.

Стјуардесите поминале околу 30 минути обидувајќи се да го реанимираат мажот пред да биде прогласен за мртов. Авионот Ербас А380 потоа се сврте и се врати во главниот град на Тајланд откако помина само час и половина во воздух. Инаку, летот од Бангкок до Минхен трае 12 часа.

Мисфелдер изјави за „Блик“ дека настанал „хаос“ кога авионот слетал. Според него, најлошо било да се види како сопругата на починатиот поминува низ царина и ги извршува сите формалности. Луфтханза соопшти дека сите патници биле префрлени на алтернативни летови за патување дома.

„Иако екипажот и лекарот во авионот веднаш презедоа сеопфатни мерки за прва помош, патникот почина за време на летот. Нашите мисли се со роднините на починатиот патник. Жалиме и за непријатностите што ги имаа патниците на овој лет“, соопшти авиокомпанијата.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење