Утрински Весник
Свет

Трамп се залага за давање заеми наместо помош на други земји

Tramp1 1.jpg

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, ја осуди одлуката на американскиот Сенат да дозволи расправа за пакетот странска помош, велејќи дека помошта треба да се даде во форма на „заеми“.

„Тие сакаат да дадат речиси 100 милијарди долари на неколку земји. Ги прашав зошто го правиме ова? Ако веќе сакате да го направите тоа, тогаш дајте им 100 милијарди долари, но како заем“, рече Трамп на предизборниот митинг во саботата во Конвеј, Јужна Каролина, пренесе Њузвик.

Сенатот во четвртокот гласаше со 67 „за“ и 32 „против“ за да започне дебата за пакетот странска помош од 95,34 милијарди долари.

Пакетот вклучува 61 милијарда долари за Украина, која е во војна со Русија, 14 милијарди долари за Израел кој се бори против Хамас во Газа и 4,83 милијарди долари за помош на американските сојузници во индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и кинескиот регион Тајван.

Овој пакет вклучува и хуманитарна помош од 9,15 милијарди долари за областите погодени од конфликти како што се Појасот Газа, Западниот Брег и Украина.

„Парите во форма на американска помош за странски земји не треба да се даваат на ниту една земја, освен ако тоа не е заем, а не подарок. Дајте им пари и ако можат да вратат – нека вратат. Ако не можат да вратат, не мораат ако имаат некакви проблеми, но ако се обратат кај некој друг и не напуштат како куче, тогаш едноставно бараме да ни ги вратат парите“.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење