Утрински Весник
Македонија

Села: Извршното собрание има право да донесе одлука за разрешување и доверба на претседателот на партијата

20240210143831 big 730x400 49.webp.webp

Извршното собрание на Алијансата на Албанците според статутот има право да донесе одлука за разрешување и доверба на претседателот, истакна денеска претседателот на партиското собрание на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, пред почетокот на извршното собранието на партијата запрашан дали ќе се разговара за оговорност на претседателот Арбен Таравари.

Потенцираше дека членовите на извршното собрание се тие кои според статутот на партијата ја имаат одговорноста да одлучуваат и нагласи дека поканети се сите членови на централното Собрание, вклучивајќи го и Таравари.

„Секој член на централното собрание одлучува за партијата и за одлуките кои треба да се донесат во партијата. Ова е органот каде се носат конечни одлуки и тоа се очекува денес“, истакна Села.

Во поканата за денешниот состанок, како прва точка на дневен ред е извештајот на претседателот на партијата околу политичките случувања во врска со наредните претседателски и парламентарни избори, а втората точка е разгледување на одлуката на Претседателството на партијата од 21 октомври минатата година, околу настапот на партијата на парламентарните избори.

Можете да прочитате

Три опожарени депонии за една недела, АНБ презема засилени безбедносни активности

Тошковски: Се уште не можам да откривам кој стои зад пожарите

Анкета: 47% од граѓаните сметаат дека Македонија оди во погрешна насока