Утрински Весник
Спорт

Гут-Бехрами со победата во Солде ја презеде лидерската позиција во Светскиот куп

12014509.jpg

Швајцарката Лара Гут-Бехрами славеше во велеслаломот во Солде. Швајцарката „леташе“ во втората трка, со што успеа да ја победи конкуренцијата, откако по првата трка беше деветта.

Вкупното време на Гут-Бехрами беше 1:01.70 минути. Швајцарката во Солде ја забележа 43. победа во Светскиот куп, со која ја престигна Ања Персон на шестото место на вечната листа.

Новозеланѓанката Алис Робинсон беше втора со само една стотинка заостанување, а третопласираната Еј Џеј Харт од САД заостана 15 стотинки.

Италијанките, Марта Басино и Федерика Брињоне кои веа на водечката позиција по првата трка, на крајот завршија на четвртото и шестото место.

Гут-Бехрами со оваа победа ја презеде лидерската позиција во генералниот пласман од Микаела Шифрин која не се натпреварува поради повреда. Швајцарката има 1.214 поени, шет повеќе од Шифрин, трета е Брињоне е трета со 928 бодови.

Гут-Бехрами исто така е прва во поредокот за велеслалом со 685 бодови, втора е Брињоне со 550, а трета Сара Хектор со 481.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига