Утрински Весник
Македонија

Кисела Вода субвенционира печки на пелети, материјали за реконструкција на фасади на станбени згради и поправка на лифтови, наскоро субвенции и за пелети и огревно дрво

56.jpg

И оваа година Општина Кисела Вода излегува со сет мерки за финансиска поддршка на своите жители. Денес се објавени јавни повици за субвенционирање на набавка на печки за пелети, за кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постоечки лифтови во станбени згради на подрачјето на општината. Во наредните месеци, ќе бидат објавени јавни повици и за субвенционирање на набавка на пелети и за огревно дрво, за што нашите граѓани ќе бидат дополнително информирани.

Сите критериуми и услови за учество се достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода, а принципот врз кој ќе се врши селекција ќе биде по критериумот прв дојден-прв услужен.

Конкретно, за субвенцијата за набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради за колективно домување на територија на Општина Кисела Вода, можат да аплицираат заeдниците на сопственици или Управители на станбени згради за колективното домување чии станбени згради се изградени пред 2010 година. Јавниот повик ќе трае 60 дена од датумот на објавување, а локалната самоуправа финансиски учествува со парични средства во висина од 60% од вредноста.За ова ќе треба да се достaви доказ, заедно со нотарски заверена изјава дека набавените материјали наведени во испратницата и предмерот на количини во целост ќе бидат наменети и вградени во соодветната станбена зграда за која се однесува барањето, во рок од 1 година од датумот на Решението за субвенционирање и финансиска поддршка донесено од страна на Градоначалникот на Општина Кисела Вода и дека ќе биде потпишан Договор. Ќе треба да се достави фискална сметка во ОРИГИНАЛНА ФОРМА или банкарска сметка за уплата на фактура заедно со испратница со детален материјален опис на материјалите. Многу повеќе информации има на следниот линк: https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/fasadi5.pdf

Во поглед на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови во станбени згради, Општина Кисела Вода ќе учествува со средства во износ од 30% од вредноста, но не повеќe од 200.000,00 денари. Право на учество имаат сите влезови поединечно кои имаат регистрирано заедница на сопственици на станови или имаат избрано управител на станбените згради и кои во потребната документација ќе достават и Одлука за поправка и санација на постоечкиот лифт/ови потпишана од мнозинството сопственици на посебни делови на станбената зграда, понуда од економски оператор со детален опис по позиции, како и одлука или изјава со која се потврдува дека ќе се обезбедат 70% од потребните средства за поправка и санација на лифт/ови на нивната станбена зграда. Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените средства за оваа намена, а најдоцна до 31.10.2024 година, а сите критериуми и услови се достапни на линкот: https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Lift5.pdf

Субвенционирањето на набавка на печки за пелети, од страна на Општина Кисела Вода ќе биде во износ од 50% од вредноста, но не повеќe од 20.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход. За аплицирање ќе биде потребна изјава заверена на нотар дека се работи за индивидуален станбен објект кој не е поврзан на градско парно и за кои нема искористени субвенции за набавка на печка на пелети или инвертор од било кој извор во државата, како и доказ дека е извршено купувањето на печка на пелети, од 01.01.2024 година до завршување на јавниот оглас согласно Правилникот, со приложување на фискална сметка или фактура и извод од деловна банка за извршена уплата во ОРИГИНАЛНА форма.

Во оригинална форма ќе се бараат фискалните сметки за сите потребни горенаведени трансакции за кои ќе се аплицира за субвенции, вклучително и за финансиската помош за пелетите и огревното дрво, за кои ќе се распишат јавните повици во наредниот период.

https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/pecki5.pdf

Согласно Програмата за локален економски развој на Општина Кисела Вода за 2024 година, вкупниот износ за овие три субвенции што ги обезбеди локалната самоуправа изнесува 2.100.000,00 денари.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме