„Северна Македонија нема друга алтернатива освен интеграцијата во Европската Унија. Тоа за нас значи економска перспектива, социјална правда, врвна демократија и функционално владеење на правото.” посочи претседателот на СДСМ Ковачевски на денешната прес конференција по завршувањето на регионалниот состанок на партиите на ПЕС.
Претседателот Коваќевски истакна дека интеграцијата на земјата во ЕУ не е само мнозинска волја на граѓаните, туку дека таа има и реални реални придобивки кои граѓаните можат да ги почувствуваат секојдневно.
„Евроинтеграцијата значи и поголеми плати, повеќе и подобро платени работни места, значи силна економија и европски стандарди за живот” истакна претседателот Ковачевски.
На прес конференцијата претседателот Ковачевски посочи дека членството во ЕУ значи реализација на стратешкиот државен интерес кој е поставен од независноста на државата и дека токму социјалдемократските политики кои ги спроведува СДСМ значат европски животен стандард дома, забрзан пристап до европскиот пазар и продолжување по европскиот пат.
„И затоа ова е исклучително важен момент во македонската историја. Ние имаме единствена шанса која не смееме да ја пропуштиме, затоа што пропуштањето ќе значи повторно мрак за државата, застој и уназадување на сето она што е постигнато досега, значи целосна изолација, со последици далеку посериозни од претходната декада режим.” истакна претседателот Ковачевски.