Утрински Весник
Свет

Швајцарската полиција уби киднапер

20240209103601 big 730x400 1.webp.webp

Швајцарската полиција соопшти дека 32-годишен ирански барател на азил вооружен со секира и нож држел 15 лица како заложници во воз меѓу Баулмес и Ивердон-ле-Бен речиси четири часа додека полицијата упаднала во возот во четвртокот вечерта и го убила.

„Сите заложници се ослободени неповредени. Во интервенцијата напаѓачот е смртно ранет“, соопшти полицијата во кантонот Во.

Полицијата не соопштува повеќе детали за можните мотиви на сторителите

Заложничките ситуации во Швајцарија се многу ретки, а кога ќе се случат најчесто се поврзани со банки и компании. Во јануари 2022 година, вработени во компанија за часовници беа земени како заложници и принудени да отворат сеф со благородни метали.

Можете да прочитате

Словенија усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години

Зеленски: Во војната загинаа 55.000 украински војници

Федеров: Повеќе од 30 илјади руски војници биле убиени во јануари