Утрински Весник
Македонија

Селмани: Алијанса на Албанците е најголем губитник во партискиот раскол

Imer selmani 960x518 1.jpg

Состојбите во Алијанса на Албанците не се изненадување за поранешниот министер Имер Селмани, кој во вечерашното издание на Вин-Вин рече дека се минува низ најлошиот епилог во внатрепартиските однесувања во изминатите три-четири месеци, но и партиското позиционирање во пресрет на претседателските и парламентарни избори.

„Лично ги познавам повеќе луѓе во структурата на Алијанса на Албанците. И Таравари и Села ги познавам најмалку 20-тина години. Имаше ситни недоразбирања во последните шест месеци, меѓутоа ниту јас на крај не очекував дека толку драматично ќе биде почетокот на една голема поделба во Алијанса на Албанците“, изјави Селмани.

Најголем губитник, според него, ќе биде партијата, самите членови, самата структура, самите граѓани кои полагаа одредени надежи во таа партија.

„Структурата во подограноците, ограноците сега треба да одлучуваат меѓу Села и Таравари. Знам дека на многу луѓе им паѓа многу тешко и тешко се одлучуваат со кого ќе продолжат понатаму“, рече Селмани.

Можете да прочитате

ПИПЕРКИТЕ ЗАВРШУВААТ ПОД ТРАКТОР: Откупот 15 денари, производството чини 26

Тренчевска: Стоилковиќ не е достоен да биде министер – дали ќе се извини и ќе поднесе оставка за навредите кон  пратениците и граѓаните? 

Огнот проголта 20 дуќани во Шуто Оризари – зад себе остави само пепел