Утрински Весник
Македонија

Нема отцепување од Алијанса зашто ние сме Алијанса за Албанците, вели Алиу пред средбата која ја закажа Таравари

Aliu.jpg

Нема отцепување од Алијанса зашто ние сме Алијанса за Албанците, изјави вечерва министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу од редовите на АА пред вечерашниот состанок на делегатите на Централното собрание на партијата кој го свика лидерот Арбен Таравари.

Алиу ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање дали како исход од вечерашниот состанок може да се очекува нивно отцепување од партијата со оглед на тоа што Алијанса официјално поднесе предлог за негово и за разрешување на министерот здравство Фатмир Меџити.

„Нема отцепување од Алијанса зашто ние сме Алијанса за Албанците. Другите се дел „дуисти“ во Алијанса за Албанците, така што тие дали ќе бидат заедно или ќе бидат на посебна листа, дали ќе формираат посебна политичка партија тоа е на нив“, изјави Алиу.

Прашан за коментар во врска со предлогот за неговото и за разрешувањето на Меџити од министерските позиции во Владата, Алиу рече дека утре ќе присуствува на седницата во Собранието на која ќе се расправа за нивните разрешувања и ќе даде коментар.

Предлогот за разрешување на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити, кое го побара нивната матична партија, премиерот на техничката влада Талат Џафери денеска го достави до Собранието, а седницата на која ќе се расправа за разрешувањето на двајцата министри од Алијанса е закажана за утре.

Можете да прочитате

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД

Скопјанец удрил лице кое управувало тротинет

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир