Утрински Весник
Свет

Четворица кандидати ќе се најдат на избирачкото ливче за претседател на Русија

11705044.jpg
Dik 300x250 mk

Четворица кандидати ќе учествуваат на изборите за претседател на Русија во март годинава, изјави денеска Ела Памфилова, претседателката на Централна изборна комисија (ЦИК). Според неа ЦИК за на избирачкото ливче официјално се регистрирани независниот кандидат Владимир Путин и претставниците на парламентарните партии Леонид Слуцки (ЛДПР), Владислав Даванков (Нови луѓе) и Николај Харитонов (Комунистичка партија на Руската Федерација) како кандидати. Памфилова рече дека денеска заврши одреден циклус и дека имињата на четворица кандидати ќе се најдат на гласачкото ливче, бидејќи ЦИК на седницата одби да ги пријави Борис Надеждин, Сергеј Малинкович, Анатолиј Баташев и Рада Руска, пренесе РИА Новости.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците