Утрински Весник
Магазин

Жителите на Париз бесни поради серијата на „Нетфликс“, се појавија графити: „Емили не е добредојдена овде“

Emili Pariz.jpg

Многу фанови беа воодушевени од веста дека четвртата сезона на популарната серија на „Нетфликс“, „Емили во Париз“, е во продукција, но не и жителите на Париз. Гневните мештани пишуваа графити низ целиот град, односно на местата на кои вообичаено се снима серијата.

Фанови од разни делови на светот доаѓаат во Париз и се фотографираат пред местата од серијата. Тие посетуваат продавница за чевли, која се наоѓа на истиот плоштад како и станот на Емили (Лили Колинс) во серијата и позираат пред ресторанот во кој работи Габриел (Лукас Браво).

На едно кафуле на истата улица со големи букви е напишано „Емили не е добредојдена“ во знак на протест против обожавателите на серијата. Парижаните повеќе не го поднесуваат напливот на фановите и го нарекуваат „инвазија на морони“, пишува „Дејли мејл“.

Графити има насекаде, дури и на блиската фонтана. Неодамнешниот напис во францускиот дневен весник „Монд“ беше со наслов  „Тие мислат дека го поседуваат соседството. Емили во Париз – инвазивен сосед“.

Жителите на Париз веруваат дека туристите имаат нереални и романтични очекувања од Франција поради серијата. Во серијата на „Нетфликс“, главниот лик (Емили) доаѓа во Париз, се дружи со локалното население, заведува некои од нив, живее луксузен живот и воопшто не зборува француски.

Како резултат на тоа, посетителите на градот може да доживеат културен шок кога реалноста не ги исполнува нивните очекувања.

На 18 јануари 2024 година, Лили Колинс, ѕвездата на серијата, случајно потврди дека таа и остатокот од екипата на Емили почнале да работат на нови епизоди во Париз. Таа објави дека „конечно ја запознала својата екипа од ‘Емили во Париз’“ и дека „се чувствува многу добро“.

По тоа, се огласи и самиот „Нетфликс“. „4Емили во Париз – сезона 4 е во продукција! Ја сакаме“, напишаа покрај фотографијата на Лили Колинс.

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува