Утрински Весник
Свет

Такер Карлсон го интервјуираше Путин, видеото од најавата на плаформата Х ја погледнале над 85 милиони корисници

A9237ee1b81702cfb9ec6d4495f967f4caf8f15e.jpg

Контроверзниот американски новинар Такер Карлсон го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, потврдија од Кремљ, што предизвика бурни реакции на Западот.

Според бриселскиот портал Политико, Карлсон, кој неколку пати јавно ја доведуваше во прашање помошта од Западот за Украина, во вторникот вечерта ги објави плановите за интервју со рускиот претседател.

Видео најавата до вечерва ја погледнале повеќе од 85 милиони корисници на платформата X за помалку од 24 часа. Поради овие бројки, многумина предвидуваат дека интервјуто со Путин потенцијално би можело да биде најгледаното интервју во историјата.

Прес секретарот на рускиот лидер Дмитриј Песков потврди дека интервјуто се случило и објасни зошто Путин го дал интервјуто токму на тој американски новинар.

„Тој има став кој се разликува од другите, но во никој случај не е проруски, не проукраински, туку повеќе проамерикански. Сепак, барем е контрастно различен од односот на овие традиционални англосаксонски медиуми. “, истакна Песков.

Карлсон на главниот конзервативен американски ТВ канал Фокс њуз доби отказ лани при што не му беше дозволено ниту да направи проштална емисија. Карлсон беше најгледаниот водител на каналот и воопшто на американската кабелска телевизија: неговите емисии во ударниот термин ги гледаа 3,5 милиони луѓе, а тој заработуваше меѓу 15 и 20 милиони долари годишно.

Карлсон стана гуру на американската десница благодарение на изјавите како што се дека Америка станува „повалкана и посиромашна“ поради мигрантите или кога се појави стара снимка од радио емисија во која тој ги споредува жените со кучиња и ги нарекува луѓето во Ирак „примитивни мајмуни“.

Тој го поддржа претседателот Доналд Трамп и неговиот антиимигрантски национализам, економски популизам и изолационизам во надворешната политика. По победата на Бајден, тој ги повтори зборовите на Трамп и неговите поддржувачи за масовната измама.

Руската пропаганда го сака Карлсон затоа што по 24 февруари 2022 година тој постојано повторуваше дека не ја смета Русија за закана за САД. Во своите емисии на Фокс, тој често повторуваше многу од тезите на руската пропаганда и зборуваше за (непостоечките) американски биолошки лаборатории во Украина, уривањето на Северен тек 2, бесмисленоста на санкциите, а војната ја нарече војна за граница. Во исто време, тој постојано ја критикуваше Украина, нарекувајќи ја корумпирана земја, а претседателот Володимир Зеленски автократ кој изгледаше како „менаџер на стриптиз клубови“ за време на неговата посета на Вашингтон.

Како резултат на тоа, извадоци од неговата програма беа редовно емитувани на руските државни телевизиски канали, а во март 2022 година беа објавени упатства од руското одделение за пропаганда во кои се препорачува медиумите и блогерите во Кремљ да се повикуваат на Карлсон. Откако доби отказ од „Фокс њуз“, „Русија денес“ и тимот на „Соловиев Лајв“ јавно му понудија работа.

Поради овие бројки, многумина предвидуваат дека интервјуто со Путин потенцијално би можело да биде најгледаното интервју во историјата.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30